Како да го победите стресот пред да ве нападне?

Како возрасни личности, постојат многу работи за кои се грижиме и кои ни создаваат стрес, кој понатаму може да има големо негативно влијание на нашиот личен и професионален живот. Но, наместо да бидеме под стрес, зошто да не се подготвиме за него?

Ова се неколку стратегии кои можат да помогнат во тоа.

Планирајте предвреме

Доколку ги знаете работите кои ви предизвикуваат стрес, можете да најдете начин да ги избегнете оние ситуации кои го предизвикуваат тоа, или пак ако не можете, да смислите различни стратегии како да избегнете да се грижите за нешто на коешто немате влијание.

Фокусирајте се на вашето дишење

Медитирајте неколку минути во текот на денот или пак посетувајте јога часови кои ќе ве подготват како да дишете кога стресот ќе нападне.

Вежбајте

Вежбањето предизвикува лачење на ендорфини, ендорфините ве прават среќни, а среќните луѓе не дозволуваат стресот да има големо влијание во нивниот живот. Затоа, одете на прошетка или вежбајте по завршување на стресниот ден за да се ослободите од негативните ефекти на стресот на вашето тело и ум.

Фокусирајте се на позитивните нешта

Доколку постојано размислувате за тоа дека стресот е дел од вашето секојдневие, толку повеќе тој ќе има ефект на вашите денови. Наместо да се напнувате за секоја ситуација, обидете се да се насмевнете малку. Користете и позитивни чекори и преземете мали чекори како да си ги разубавувате своите денови. Тие ќе ви помогнат како да се справите со стресот и да не дозволувате тој да е вашиот најголем непријател.

new nike air max 2019