Како да го наведете да направи се што ќе посакате

Како да го натерате мажот да ви го даде она што го сакате? За почеток, прекинете да му ѕвоните. Избегнувајте кавги, помалку жалете се, помалку викајте и помалку плачете. Се што ви е потребно, е малку стармоден женски шарм. Применете ги овие совети и вашиот партнер, ќе направи се што ќе посакате.

Глумете дама во неволја

Однесувајте се невино, трепкајте и гледајте го некако мило кога барате нешто да направи.Дури и ако не сте тој тип на жена, кажете му на убав и сладок начин што треба да направи.

Подмитете го

Кога сакате вашето момче или сопруг да го среди станот или да направи нешто што долго време го одложува, изненадете го со нешто што одамна го посакува. После тоа, ќе направи се што ќе му кажете.

Убедете го дека тоа било негова идеја

Кога сакате мажот да направи нешто, убедете го да мисли дека тоа било негова идеја, дури и да тврди дека не е.Фактот дека сте попуштиле и сте се сложиле со „неговата идеја“ ќе го наведе тоа и да го направи.

Стар трик

Кога сакате нешто да направи, замолете го на најубав можен начин и ветете му дека ќе се одолжите за тоа. Сигурно нема да може да ве одбие.

Бидете љубезни

Добро „обработете го“ пред нешто да го замолите. За да не изгледа очигледно, почнете да му се умилкувате и да му ласкате од утрото, па целиот ден ќе се чувствува убаво. Пред крај на ден, соопштете му го тоа што го имате и нема да може да се налути на личноста која цел ден правела да се чувствува убаво.

Бакнете го, пред да го замолите

Нема ништо послатко од долг бакнеж. Откако ќе го „стопите“ замолете го тоа што сакате да го направи. Бакнежот е сигнал дека не му наредувате.

Направете нешто за него за и тој да направи за вас

Ако сте подготвиле ручек, тој нека ја раскрене масата. Ако вие иницирате нешто и направете нешто за него, самиот ќе почувствува обврска да ви врати.