Како да ги спречиме воспаленијата во текот на зимата?

Воспаленијата се основата на многу заболувања и тие се манифестираат на различен начин во нашето тело.

Photo by Mockup Graphics on Unsplash

Зимата е период во кој често сме склони кон воспаленија бидејќи помалку консумираме овошје и зеленчук, а и минуваме помалку време во природа, на свеж воздух. Сите воспаленија не се лоши, но лошо е кога тие стануваат хронични и влијаат негативно на нашето здравје.

Затоа, важно е да водиме грижа за своето здравје и да се потрудиме да останеме во добра форма.

Ова се неколку начини на кои можеме да ги спречиме воспаленијата во нашето тело.

Куркума

Куркумата е еден од најдобрите зачини за спречување на воспаленијата во нашето тело, а таа нуди и мноштво други придобивки за нашето здравје. Делува како антиоксидант, а помага во случаите кога се соочуваме со артритис, проблеми со варењето на храната, респираторни инфекции и алергии. 

Треба да знаеме дека комбинацијата на куркума со црн пипер е моќна бидејќи ги подобрува нејзините бенефити, но и самата апсорпција. Можете да ја земате како зачин, но и суплемент во исхраната.

Ѓумбир

Ѓумбирот е познат како корен кој е еден од најдобрите сојузници на нашето здравје. Тој содржи гингерол и зингерон кои придонесуваат за намалување на воспаленијата особено кај оние кои се соочуват со хронични заболувања. Секогаш можете да го додадете во исхраната или пак да пиете чај од ѓумбир, но ако се решите за суплемент, важно е да знаете дека не треба да земате повеќе од 2 гр дневно. 

Омега 3 масни киселини

Овие масни киселини можат да се најдат во рибата, авокадото и оревите, но многу луѓе одлучуваат да ги земаат како суплемент во исхраната. Тие помагаат за намалување на воспаленијата, но и го подобруваат здравјето на нашиот мозок. 

Зелен чај

Уште еден антиоксидант на листата кој има многу добри состојки кои го чуваат нашето здравје. Одличен за чување на нашиот имунитет во текот на зимата, но и здрава кожа.