Како да ги сакате Раковите?

Раковите се родени во периодот 22 јуни-22 јули. Тие се ориентирани кон домот и семејството, а тоа ќе го сфатите уште во првите неколку часа откако ќе ги запознаете.

Тие се еден од најчувствителните знаци во хороскопот. Можеби ќе се обидат да го негираат тоа, но веднаш ќе сфатите. Кога емоциите ќе надојдат кај нив, не можете ништо да направите. Не се обидувајте да ги смирите, а ако сте ги налутиле, не се обидувајте веднаш да ја поправите работата. Оставете ги да се исплачат или пак да помине ден- два додека не им помине.

Тие се постојано претпазливи да не ги повредат чувствата на другите луѓе и ако го направат тоа, „живи ќе се изедат“. Сепак, често успеваат да ги повредат другите бидејќи многу се опседнати со своите емоции. Затоа, не ги земајте работите „здраво за готово“. Тие не сакале да го направат тоа. И, потрудете се да не им викате, бидејќи ќе прснат во плач.

Кога избирате место каде да ги однесете на романтичен состанок, никогаш не бирајте нешто скапо. Однесете ги на некое место кое има значење за нив и тие ќе бидат презадоволни. Направете романтичен пикник за нив и тие никогаш нема да го заборават тоа.

Кога сте во врска со нив, никогаш не ги споменувајте претходните врски и љубови. Никогаш нема да го прифатат тоа, колку и да е неважно или ненамерно.

Тие ја сакаат водата и сакаат да минуваат време покрај море, езеро, па дури и базен. Однесете ги покрај вода и пуштете да бидат свои – најдобрата верзија од себе.

На крајот, треба да знаете дека тие се грижат многу, дури и премногу. Многу се претпазливи кого сакаат бидејќи се плашат да не бидат повредени, но штом ве пуштат во нивниот живот, бидете внимателни. Сакајте ги!