Како да ги сакате Јарците?

Не се заљубувајте во Јарците, бидејќи тоа не е нешто што можете да го испланирате.

Кога ќе се заљубите во еден Јарец, ќе забележите сила за која постојано ќе се прашувате откаде доаѓа. Ќе научите дека тоа е нивниот единствен избор – да бидат силни и да не се откажуваат.

Не се заљубувајте во Јарците, бидејќи тие никогаш нема да престанат да се борат за вас. Тие ќе разговараат за секој проблем и ако ве сакаат, никогаш нема да престанат да зборуваат за проблемите и предизвиците кои треба да се решат.

Не се заљубувајте во Јарците бидејќи тие имаат високи стандарди и ако ве засакаат, тоа значи дека навистина вредите. Тоа е љубов која ќе ве излечи, која ќе ви помогне да се чувствувате сигурно и сакано, а не несигурно. Јарците никогаш нема да ве мачат со љубоморни прашања и посесивност, туку директно ќе се обидат да дознаат. Тие не погодуваат, прашуваат, оставаат самите да се отворите.

Не е дека не се љубоморни, не е дека нема да помислат дека лесно ќе ги замените, но нема да играат игри со вас, обидувајќи се да ве проверуваат и тестираат.

Не се заљубувајте во нив бидејќи ќе дознаете дека не само што кажуваат работи туку и се држат до своите зборови и ветувања. Тие се луѓе на кои секогаш ќе можете да сметате, дење и ноќе. 

Ќе научите да им верувате повеќе одошто си верувате себеси.