Како да ги наречеш овие жители и посетители на Дебар Маало?

Амбалажи од храна и пијалаци, кесиња со домашно ѓубре што најверојатно летнало од терас, шкртаници на секаде во скопско Дебар Маало. Ваква е сликата од центарот на Скопје и не е за прв пат. 

На ова реагира и активистиката Жанета Трајкоска која ги сподели фотографиите, па запраша: 

-Е како да кажеш за овие жители, а и посетители на Дебар Маало кои си го фрлаат ѓубрето во жардинера, која за по душа само е оставена така по "реновирањето" на Орце Николов во малите улички и се заборавени заедно со песок и недосредени канали, а и оние што си јаделе и си го оставиле јадењето така, оти дома имаат слуги што им ги бришат задниците и им пуштаат вода по нив?! Кој е вистинскиот епитет?!