Како да ги намалите килограмите без постојано броење калории и напорни вежби?

Знаеме дека треба да се прифатиме себеси онакви какви што сме, но понекогаш намалувањето на килограмите носи поголема самодоверба, подобро здравје и подоро расположение.

Познатите фитнес експерти има совети како да го постигнете тоа.

Јадете на секои четири  часа

Според фитнес тренерот Мајкл Ловит, постојаното додавање енергија е клучно за  губење на килограмите. Голем дел од луѓето јадаат само два пати во текот на денот, што всушност е голем стрес за телото. На тој начин, телото лачи поголеми нивоа кортизол што придонесува нивоата на инсулин да создаваат повеќе масти во телото. Со други зборови, колку и да звучи чудно, јадењето неколку пати во текот на денот е многу важно за топење на мастите. Тој препорачува комбинација на протеин со јагленохидрати за одржување на ниско ниво на инсулинот. Според него, бадемите, гранлолата и протеинското смути се одлични за тоа.

Не претерувајте со добрите нешта

За жал, постои нешто како претерување со добрите работи. За пример, добрите масти, путери од јаткасти плодови и здрави масла се многу здрави, но тие исто така се богати со калории. Можеби не треба да ги броиме калориите, но треба да бидеме свесни дека некоај храна иако е здрава, сепак содржи поголем број калории.

Не се плашете од јагленохидратите

Јагленохидратите се страшен збор за поголем број од луѓето и голем дел од нив се обидуваат дури и целосно да ги исфрлат од својата исхрана, но тоа не е најдобрата одлука. Тие се важни и со нивна помош се топат наталожените масти. Она што е важно е да се внесуваат соодветните од нив. Тие предлагаат замена на преработените јагленохидрати (паста, леб) со јагленохидрати кои се богати со природни влакна (сладок компир, киноа, кафеав ориз и овесни снегулки). Тие се добри јагленохидрати кои ги балансираат нивоата на шеќер во крвта, и ги тонираат мускулите.

Пијте многу вода

Хидратацијата е многу важна за метаболизмот и за нормално функционирање на телото. Според многу фитнес експерти, дехидратација придоенсува за замор, успорен метаболизам и постојан апетит. Најлошиот дел од тоа е дека телото не е во можност соодветно да ги топи мастите, дури и ако вежбате редовно.

Вежбајте наутро

Најдобриот начин за намалување на килограмите е утринското вебање.  Вежбањето пред јадење еодличен начин за топење на мастите, бидејќи придонесува за зголемување на нивото на оксидација, а за оние кои не го разбираат ваквиот термин, тоа значи полесно топење на мастите и повеќе енергија.