Како да ги надминеме лошите денови?

Секој од нас се соочува со лоши денови кои се поврзани со лош испит, конфликт со колегите, караница со саканата личност или пак едноставно чувство дека нештата не одат како што треба. 

Ова се 5 совети кои ќе ви помогнат да ги надминете лошите денови.

Побарајте поддршка

Кога ќе се соочиме со тешки денови или тешки времиња, треба да се потпреме на нашите пријатели и блиски. Треба да побараме помош и поддршка од луѓето кои можат да ни помогнат со добар збор, или пак само со „рамо за плачење“. Дури и тогаш кога нашите блиски не се до нас, самиот човечки конфликт може да ни помогне повеќе отколку што мислиме.

Потсетете се дека тоа е привремено

Можеби најдоброто нешто на кое треба да се потсетиме е дека дека лошиот ден не значи и лош живот, туку дека ситуациите се само привремено. И тоа, како добрите, така и лошите времиња. Иако можеби нештата ви изгледаат сиви и безнадежни, сепак ќе дојде и подобро време. 

Потсетете се на добри нешта во вашиот живот

Потсете се на добрите нешта кои ви се случиле –добивањето стипендија, убавиот одмор со пријателите, унапредувањето на работа и тн. Тоа ќе ви помогне за да сфатите дека не е сè така црно.  

Мислете на другите

Иако не е најдобро да ја споредувате својата добра или лоша ситуација со другите луѓе, бидејќи секоја патека е различна, сепак треба да знаете дека не се единствените кои минуваат низ тежок ден или тешки времиња. 

Сè зависи од вас

Сè во вашиот живот зависи од вас и затоа самите вие треба да се потрудите да излезете од таквата ситуација. Не мора да правите огромни напори за тоа, туку само внимавајте како реагирате на ситуациите и не дозволувајте да ве држат лошите чувства на бес и безнадежност.

cheap nike free run 5.0