Како да ги исфрлите отровните чувства и огорченоста од телото и умот?

 

Многу е важно да се соочиме со секоја негативна емоција, но и да ја доживееме, а потоа да ја исфрлиме од својата душа за да не нè оптоварува, да не ја дуплира негативноста и да не биде наш товар. Кога ги игнорираме ваквите чувства, тоа неповолно влијае на нашиот живот, расположение, среќа – на тој начин само го загрозуваме нашето ментално здравје. Секое чувство треба да се почвствува, а потоа да се ослободиме од него, особено кога станува збор за негативните, како бес и огорченост.

Еве неколку начини како да се ослободите од ваквите чувства:

Цртајте: Земете молив или пенкало во рака и истурете ги вашите чувства на хартијата. Ако сакате можете и да ги затворите очите и да замислите како се чувствувате и потоа тоа пренесете го на хартија. Замислете како ги ставате чувствата на хартија.

Пишувајте: Напишете писмо до личноста која ве повредила (Не мора да го испратите). Водете дневник во кој ќе запишувате како се чувствувате. Не ги чувајте чувствата во себе.

Пејте или викајте: Отидете во шума и викајте и истурете ја цела негативна енергија. Или пејте најгласно што можете на омилените песни. Ќе почувствувате големо олеснување.

Танцувајте: Фокусирајте се на чувствата, затворете ги очите, слушајте музика и внатрешниот глас. Следете ги желбите на телото.

Одете на масажи: Не се работи само за опуштање, туку и за терапевтски начин да се исфрли стресот од телото. 

Зборувајте за тоа: Зборувајте со луѓе од доверба и низ зборови исфрлете ги негативните чувства. Со самото изговарање признавате дека ги поседувате, а потоа полека отфрлајте ги.

Дишете: Сите чувства се доживуваат низ телото, а еден од најважните елементи е дишењето, затоа што е директно поврзано со нервниот систем. Разни вежби за дишење можат многу да ви помогнат.

Посетете психолог: Со некои чувства не можеме сами да се избориме. Во такви ситуации, навистина може да ви помогне стручно лице кое ќе го поддржи процесот на справување со сите тие работи.