Како да бидете подобри пријатели за луѓето во вашиот живот?

Не знам за вас, но јас досега многупати имам грешено во процената на луѓе и често сум била опкружена со отровни луѓе.

Навистина е тешко човек да најде добри и искрени луѓе. И затоа, кога ќе пронајдете човек кој се покажува дека ви е добар пријател, морате да го негувате тој однос.

Но, што значи да се биде добар пријател? Што значи да се цени и негува друго човечко суштество?

Нема прецизна наука во однос на тоа како да бидете добар пријател. Но, сите имаме правено одредени грешки и имаме научено некои лекции, па оттука можете да прочитате и неколку совети за тоа како да бидете подобри пријатели.

Ценете ги вашите пријатели

Пријателството не треба да биде трансакција во која едната личност постојано прави нешто за другата. Размислете малку за тоа како можете да им покажете почит на вашите пријатели и со тоа да ги направите посреќни. Ако и тие се ваши вистински пријатели, ќе ви се оддолжат за вашата почит.

Не мора да правите нешто спектакуларно. Понекогаш доволен е и некој совет, поддршка, мала услуга или да ги насмеете кога не им е денот.

Запомнете дека дека тие прават многу работи за вас и дека треба да им покажете дека вашето пријателство е двонасочна улица.

Бидете покрај нив, без оглед на сѐ

Дали вашата другарка започнува диета? Дали најдобриот другар решил да започне свој бизнис? Или можеби само поминуваат низ тежок период? Што и да е, ако сакате да бидете добри пријатели, мора да давате поддршка и да бидете покрај нив. Кога човек поминува низ некаква голема промена во животот, потребен му е пријател на кој ќе може да се потпре. И токму во тие моменти највеќе ни се потребни пријателите.

Покажете им дека се грижите за нив

Не е доволно да се грижите за некого. Дури и ако е само одвреме-навреме, луѓето сакаат и имаат потреба да видат дека се грижите за нив. Да, понекогаш се работи за мали ситници, но на луѓето им значат, па така размислете како ќе ја покажете вашата љубов и грижа.