„Како да бидеш свој суперхерој?“ - детска работилница во „Public Room“

Уште една интересна викенд работилница за деца ќе се реализира на 27.11.2022, во „Public Room“.

Со почеток во 13 часот, децата ќе се едуцираат на тема „Емоционална интелигенција“, преку примери и разговор.

-Како да ги идентификуваме своите емоции? Како да управуваме со себе и да сме во контрола на своите емоции? Дали се емоциите „добри“ или „лоши“? Што се тоа емоции? Каква ни е енергијата додека ги чувствуваме емоциите? Од каде доаѓаат? Зошто се важни? Ќе одговориме и на многу други прашања кои ќе имаат за цел да ги едуцираат и им помогнат на децата подобро да се спознаат себе. Преку примери, слики и вежби ќе дојдеме до освестување во однос на емоциите и ќе ја зајакнеме Емоционалната интелигенција на дечињата. Сѐ што им е потребно е да имаат љубопитен и отворен ум. Да бидеме свесни за потребата на децата да имаат информации за своето тело, својот мозок и како функционираат. Да им помогнеме да научат како да си помогнат себеси во дадени ситуации - информираат од „Public Room“.

Инаку, работилницата е наменета за деца на возраст 7-10 години, максималниот број на учесници е 10 деца. Цена на работилницата е 700 денари, а пријавувањето на децата е задолжително, и се врши со испраќање на e-mail на адресата martinapoptrandova@yahoo.com

Работилницата е со времетраење од 90 минути, информираат од „Public Room“. Работилницата ја води Мартина Поптрандова, дипломиран психолог.