Како да бидеме среќни: 5 навики кои треба да ги додадеме во нашата дневна рутина

Без оглед на тоа која е вашата дефиниција за среќа, овие навики значително придонесуваат за подобрување на чувството на среќа.

Photo by Becca Tapert on Unsplash

Да, можно е да бидеме посреќни преку промена на некои навики бидејќи навиките се клучни за долгорочното чувство на задоволство и среќа. 

Вежбање

Вежбањето не е добро само за нашето тело, туку тоа придонесува и за намалување на стресот, нервозата и симптомите на депресија, истовремено зголемувајќи ја нашата самодоверба и среќа. Дури и најмалата физичка активност се важи бидејќи сепак тоа е подобро од неправењето ништо. Не морате да трчате маратон или да се искачувате на висока планина, доволно е да го правите она што ве прави среќни.

Добар сон 

Добриот сон во траење од 6-8 часа (за возрасните) е клуч за среќа. Ако во текот на денот се чувствувате заморено, тогаш тоа е знак од вашето тело дека ви е потребен одмор. Затоа и потрудете се да спиете доволно, односно да одите на спиење во речиси исто време секоја вечер. Држете ја просторијата темна и не премногу топла, избегнувајте да го користите телефонот пред спиењето и потрудете се да спиете на удобен кревет.

Добра исхрана

Добрата исхрана е клучна за позитивната енергија и доброто расположение. На пример, јаглехидратите придонесуваат за лачење на серотонин – хормонот кој помага да се чувствуваме добро. Но, важно е да се земаат комплексни јаглехидрати, односно да се избегнува храна богата со шеќер. Освен тоа, храната богата со омега 3 масни киселини докажано помага во подобрување на расположението и здравјето на нашиот мозок. 

Бидете благодарни

Во денешно време, лесно е да бидеме лути на светот и нервозни од многу нешта кои се случуваат околу нас. Но, практикувањето благодарност дури и за најмалите нешта е многу важно. Некогаш во текот на денот ни се случуваат работи за кои навистина треба да бидеме благодарни, а кога сме свесни за нив, тоа значително го подобрува нашето расположение и ни помага да бидеме посреќни. 

Длабоко дишење

Постојат многу различни техники за дишење, а секоја од нив одговара различно на сите нас. Наједноставно, можете да ги затворите очите и да си дозволите да се одведете себеси на некое убаво место. Дишете длабоко преку носот и издишете уште подлабоко од носот или устата. Продолжете го процесот неколку пати, сè додека не се почувствувате посмирено.