Како да бидеме расположени и среќни без причина?

Дали можете да бидете среќни, само онака? Да се разбудите среќни, да бидете расположени и насмеани?

Мнозинството од нас ја врзуваат среќата за некаква форма. Потребно ни е нешто за да биде среќни. Или пак мораме да бидеме некакви (побрзи, послаби, поспособни, покреативни, покомуникативни или пофокусирани) или пак потребни ни се промени во окружувањето (соседи, колеги, политичари, времето и тн. За нас, најчесто среќата е таму некаде. И така ни минува целиот живот. А, каде е радоста? Каде е исполнувањето? Каде е смислата?

Можеби сето тоа е таму кадешто најмалку го бараме. Пред нашиот нос, многу блиску до нас.

Треба да знаеме дека надворешните нешта се потполно неутрални и самите по себе не се извор на среќа, ниту пак несреќа. Оној кој го доживува тоа нешто им дава смисла на нештата. Нашето набљудување на нештата и давањето значење на таквите нешта е нашата реалност. Со нашиот поглед кон светот, ние го креираме светот.

Тоа што го дефинираме како „добро“ нам нѐ прави среќни, и од друга страна пак, тоа што го класифицираме како лошо нѐ прави несреќни. Но, ништо на светот не е ниту добро ниту лошо. Зависи како гледаме на нештата.

Веројатно се сеќавате на некоја ситуација во вашиот живот кога сте биле несреќни, а потоа сте биле благодарни и среќни што работите се случиле по таквиот тек. И, каде сме сега? Дали таквата ситуација е лоша или добра?

Во моментот кога ќе сфатите дека не постојат добри и лоши нешта и ситуации, во тој момент се слободни.

Самата суштина на животот е доживување на нештата кои се случуваат во него. А, тоа дали сме среќни во таа насока, зависи од самите нас. Затоа, уживајте во животот, гледајте на нештата со позитивен став, а за сето она што ве прави несреќни, запрашајте се зошто е тоа така. Од каде потекнува вашиот негативен став и несреќа?