Кај скопјани се повеќе се зголемува свеста за користење на велосипедот како превозно средство - велосипедисти се почеста слика по улиците

Кај скопјани се повеќе се зголемува свеста за користење на велосипедот како превозно средство. Актуелно станува одење на работа со велосипед.

Во периодот кој што помина масовно  се работеше за подобрување на инфраструктурата и условите за безбедно користење на велосипедот како превозно средство.

Тоа дополнително  придонесе за поттикнување на повеќе граѓани да одат на работа со велосипед.

Но, за некои луѓе ни досегашната инфраструктура не им сметаше да возат велосипед, да одат со него на работа или пак рекреативно во слободно време.

Велосипедисти на скопските улици или на кејот на реката Вардар се, се побројни, од деца до возрасни мажи и жени.

Според направените истражувања лицата постари од 55 години повеќе го користат велосипедот како превозно средство, за разлика од другите старосни групи. Жените се повеќе подготвени да одат на работа со велосипед за разлика од мажите кои дури 34 проценти го користат автомобилот како единствено превозно средство.

Од вкупниот број на испитаници, истражувањето покажува дека 33 проценти од испитаниците го користат автомобилот како примарно превозно средство. Интересно е дека веднаш зад нив се велосипедистите и пешаците. Потоа доаѓа јавниот превоз, а најмал број граѓани користат такси превоз за да стигнат до работното место.

cheap nike free run 5.0