Трошиме, повеќе отколку што имаме, за да создадме поубава слика, за себеси, за најблиските, за работата и животот, дури и доколку сè е една голема лага.

Наместо да мислиме на покојникот и да не ги задушуваме своите емоции, ние се оптеретуваме со тоа каков ручек ќе се послужи, какво цвеќе ќе се постави. Слушам земавме кредит да направиме поглема надгробна полоча со убави букви и слика....

Да не ги заборавиме свадбите кои се како настап на турбо-фолк ѕвезди.....Скапи фризури, шминката, китенките, свадбената торта, предјадењето и машничките на поканите. Место да се веселиме и славиме љубовта, цело време се оговараме и озборува зад грб на која каква и блиа фризурата во што се облекла, колку се напиле...

Сите убави пригоди станаа некако вештачки и изнасилени...почнувајќи со детски родендени па матури кои потсетуваат на свадби.

Како што стојат работиве очигледно постои срам – што ќе речат другите. Лажна возбуда, лицемерие и досада, досада до болка, до бесвест и онесвестување.

Некако стана се вештачко. Нема спонтаност, едноставност и скромноста, сето уживање. Сé е изнасилено и просто погрешно.