Кај нас нема забрана: Дали учениците треба да имаат дозвола за користење на мобилни телефони во училиштата?

Инстаграм, снеп чет, фејсбук, твитер се добро утро на секој средношколец. Колку денешните тинејџери се зависни од мобилните дали може да поминат еден без нив?

Носењето мобилен телефон во училиште, родителите го оправдуваат со тоа дека во секој момент можат да знаат каде е нивното дете и што прави, но од друга страна пак, каде би било детето освен во училиште и што би правело освен да учи и да се дружи со другарчињата. Наставниците се жалат од однесувањата на децата, велат дека тие се постојано со мобилен во рака и постојано се обидуваат да најдат начин да им го задржат вниманието и да заборават на телефонот.

-Технологијата и мобилните телефони допринесоа за деконцентрација на часовите и незаинтересираност од страна на учениците. Бидејќи јас работам со првачиња, се обидовме пред часот да им ги одземеме телефоните, за да не им го одвлекуваат вниманието, но веднаш наидовме на спротиставување од страна на родителите, кои посочиња дека мобилниот телефон е приватна работа и дека токму и затоа служи мобилниот телефон, за да биде во нив. Сега употребуваме методи за да им го одвлечеме вниманието подалеку од мобилниот телефон, но верувајте многу тешко оди, а се помала помош имаме од страна на родителите.

Проблемот со користењето на мобилниот телефон не застанува тука, туку тој е поголем со  повозрасните ученици. Наставниците кои не сакаа да го откријат својот идентитет, се жалат дека се помал авторитет имаат кај децата и се потешко се справуваат со нивното несоодветно однесување.

-Според мене системот и родителите успеаа да го намалат нашиот авторитет кај учениците и се помалку почит да имаме од нивна страна. Телефоните не ги испуштаат од раце, постојано се на интернет, си пишуваат на социјалните мрежи, се сликаат... Кога ќе се обидеме да разговараме со нив и да им објасниме дека не смеат да бидат со мобилниот во рака, многу често ни возвраќаат дека ќе не кажат на нивните родители и дека не смееме да им забрануваме користење на мобилен телефон. Има се помалку деца што забораваат на телефонот и нивното внимание е насочено кон учењето. Потребно е родителите најпрво дома да разговараат со своите деца, да им ја објаснат важност на образовниот процес и на нас да ни дозволат да си ја вршиме соодветно нашата работа и да не се мешаат во нашите одлуку, вели наставничката која не сакаше да го открие својот идендитет.

Во Македонија нема забрана за  носење на мобилни телефони и слични уреди во училиштата, секако треба да биде во рамките да не му се наштети квалитетот на наставата, велат од Министерството за образование наука

Француската влада забрани употреба на мобилни телефони во училиште

Од почетокот на следната учебна година во сите основни и средни училишта ќе биде забрането користење на телефони, објави француската влада. Нашите закони не предвидуваат забрана за користење мобилнуи телефони во училиште.