Кај млади скопјани најдени ножеви

Полицијата кај две момчиња на возраст од 19 и 21 година, во понеделникот во Скопје, нашла ножеви, по што тие биле приведени.

Имено, во 17.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Крсте Мисирков“ извршиле преглед над Ш.М.(19) од село Чојлане, скопско, при што пронашле нож. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Истиот ден, во 19.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Македонски војски“ извршиле преглед над Ф.С.(21) од село Љубин, скопско, при што пронашле нож. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.