Кај млад скопјанец пронајдени хашиш, марихуана и амфетамин

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.Ѓ.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 06.02.2019 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот на улица „Милан Зечар” во Скопје, при што пронашле и одзеле хашиш, марихуана, две дигитални ваги со остатоци од марихуана и амфетамин.