Кај млад скопјанец пронадена дрога при претрес на неговиот дом

Вчера полициски службеници на СВР Скопје го привеле Б.Б.(20) од Скопје, затоа што при претрес во неговиот дом во населбата Ѓорче Петров, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, екстази, прашкаста материја и непозната грутчеста материја.

„По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.