Кај ќе ти запали среќен си: „Здраво маче, како си ми денес?“, „Поздрав срце“...ФБ додворувачи

„Здраво убавице“, „Поздрав срце“, „Како ти е денот“, „Осамен сум“... постојано ми се полни сандачето со вакви пораки од непознати машки ликови на кои очигледно им нема спас.

И покрај тоа што ништо не им враќам оп еве стикерче со ружа, бакнежи прашања безборј на кој сами си одговараат и пишуваат.

„Здраво маче, како си ми денес?“, „Многу си згодна, имаш дечко“? Изгледа не...Го отстранив типот од пријателите, за половина час еве го повторно со понуда за пријателство...

Очајно е кога некој смета дека Фејсбукот е место на кое можеш на секому да му се додворуваш, пишуваш исти пораки, на 20 други девојки пај кај ти запали среќен си...

Каде е запознавањето во живо, виртуелното го замени реалното. Секој може да стане поет, опасен додворувач кој во живо не ќе може да ги изусти зборовите кои е способен да ги напише наФБ.

Доста веќе глуматате, време е да се покаже реалноста која вешто ја прикривате. На ФБ опасен фраер во живо повлечен дечко, фотки од храна од ресторани, а нема пари да го плати ручекот на девојката со која излегол...

Ајде почнете да си го живеете животот, престанете да бидете ФБ пациенти.