Кај 52- годишен скопјанец пронајдена дрога

Кај 52-годишен скопјанец полицијата пронајде дрога. 

На 02.12.2022 во 12.45 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Ѓ.(52) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана, соопшти полицијата. 

Лицето биле задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.