Kај 29-годишна скопјанка бил пронајден кокаин

Дваесет и деветгодишна скопјанка, со иницијали Р.Е., била уапсена утрово околу три часот покрај автопатот Гостивар – Тетово.

При преглед кај неа бил пронајден кокаин, поради што била задржана во Полициската станица Гостивар.

По целосното документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.