Кафулињата на „Ленинова“ ќе ги повлечат терасите од тротоарите

Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, и сопствениците на кафулињата на улица „Ленинова“ се договорија да биде повлечена урбаната опрема на 2,5 метри од работ на тротоарот.

Летните тераси на кафулињата кое се поставени со одобрение од Град Скопје се протегаат до самиот крај на тротоарите, па сопствениците на угостителските дуќани сами сфатија дека со тоа се загрозува безбедноста на пешаците. Дотолку повеќе што и автомобилите се паркираат од двете страни на улицата, поради што граѓаните се принудени да се движат по коловозот на најфреквентната дебармаалска улица.

Ова беше договорено на средбата на Жерновски со кафеанџиите откако реагираа жителите во овој дел од општината, но и од сите други кои минуваат по оваа улица.

Од Општина Центар најавуваат дека ќе реализираат вакви средби и акции секаде каде што има незаконски поставена урбана опрема