Кафето во служба на убавината: Ефективни начини како да го користите кафето за кожата

Кафето е еден од најпопуларните пијалоци во светот. Но, тоа прави чуда и  за нашата кожа. Познатиот дерматолог, др. Апратим Гоел открива како и зошто.

Таа открива дека антиоксидантите, кофеинската киселина и фенолите кои се присутни во кафето имаат огромен позитивен ефект за спречување на влијанието на слободните радикали. Кога се конзумира како пијалок, кафето може да придонесе за нашето здравје интерно, но неговите позитивни ефекти на кожата можат да се искористат преку надворешно користење на кафето во служба на убавината.

Ексфолијација

Зрнцата од кафето се одлични за ексфолијација на кожата и отстранување на мртвите клетки. Тоа ни овозможува да имаме здрава и нежна кожа. Особено е корисна ексфолијацијата на грубите места, како што се колената, лактите и стопалата.

Намалување на целулитот

Кафето е одлично за намалување на целулитот, а тоа го докажуваат и многу антицелулутни креми кои го содржат кафето како главна состојка. Измешајте маслиново масло, зрна кафе и цимет и имате паста која е одлична за оваа намена.

Спречување на стареењето

Маслото од семки од кафе прави чуда во однос на креирањето колаген и еластин, кои ја прават кожата нежна, здрава и и даваат младешки изглед.

Спречување на темните кругови околу очите

Кофеинот од кафето е одличен за спречување на темните кругови околу очите. Дали сте забележале дека тоа е главната состојка на многу креми кои се користат за кожата околу очите?

Третман на акни

Хлорогенската киселина и ниацинот кои ги содржи кафето се познати како многу моќни анти-воспалителни состојки, кои помагаат во спречувањето на појавата на акните.