Кафеанџиите најавија отпуштања, на социјалните мрежи се прават листи за бојкот

Угостителите се пожалија дека владините мерки за помош не се доволни и се заканија со отпуштање на вработените. Продавате пиво за 150 денари, а немате две плати да дадете, коментираат граѓаните, а на социјалните мрежи се прават црни листи за бојкот на кафеани кои отпуштаат вработени.

Кафеанџиите се пожалија дека владините мерки за помош на угостителскиот сектор се недоволни и селективни и нема да ги користат. Рекоа дека досега се отпуштени околу 15 илјади вработени од угостителско-туристичкиот сектор и дека отпуштањата ќе продолжат. Не сакаат кредити, туку владата да се погрижи за отпуштените работници. Во овој сектор има 6000 фирми со околу 20 илјади вработени.

Реакцијата на кафеанџиите предизвика бројни негативни реакции на социјалните мрежи: Продавате пиво за 150 денари, возите џипови, се правите газди, а немате две плати да им дадете на луѓето, коментираат едни.

izvor - www.slobodnaevropa.mk