Кафеана, дискотека, домашна атмосфера - колку ќе ве чини дочекот на Нова година?

Предновогодишните прослави започнаа. Кафеаните, баровите речиси сите се веќе резервирани, но цените за прослава се повисоки дури и до самата новогодишна ноќ. 

За Нова година Градот Скопје излезе со соопштение дека нема да има  прослава, а парите за организација ќе бидат донираат.Меѓутоа во Скопје, сепак ќе има прослава на „Сквер Јадран“, каде ќе има организирана музичка програма од страна на Општина Центар. Скопјани ќе ги забавува нашата поп-ѕвезда Тамара Тодевска, момците од „Некст Тајм“ и групата „Ај Кју“. 

Доколку се уште немате идеја каде ќе ја дочекате ова Нова Година и за колку пари, ние имаме неколку предлози кои се надеваме ќе ве помогнат да ја донесете вистинската одлука.

Дочек на Нова година во кафуле

Можеби некои ќе речат дека кафулето им е секојдневие, но сепак се работи за Нова година. Во вашето омилено кафуле од прилика знаете какви луѓе ќе има околу вас, каква музика може да слушнете и каква забава можете да очекувате.

Во скопските кафулиња цените се движат од 1.000 до 1.600 денари во зависност од тоа дали има во цената вклучено само пијалаци или и храна од типот на топли даски, ордевери и апетисани...

Дочек на Нова година во кафеана

Во кафеана најчесто се собираат оние кои се големо друштво и ја обожаваат народната музика. Најчесто кафеаните и рестораните нудат јадење и неограничено пиење по цена од 1500 до 2500 денари. Постојат големи шанси дочекот на Нова година во кафеана да изгледа исто како на свадба придружено со ора и чочеци.

Дочек на Нова година во дискотека

Цените по скопските дискотеки за најлудата новогодишна вечер се движат од околу 400 до 700 денари за влез, вклучувајќи само неколку пијалаци, а доколку резервирате сепаре или коњопој би ве чинело од 3000 – 5000 денари за целото сепаре со вклучен влез и неколку пијалаци.

Дочек на Нова година во домашна атмосфера

Доколку ја изберете оваа опција можете сами да одлучите каква музика ќе слушате, со кои луѓе ќе бидете, каква храна и пијалаци ќе купите, а дури и можете цела вечер да си ја поминете во тренерки... Оваа варијанта дефинитивно ќе ве чини најевтино.