Кафе во Солун, море на Халкидики: Како и кога ќе можеме да патуваме во Грција?

Грција би требало да може да се отвори на 15 мај за туристи, ваква потврда во текот на минатата недела стигна грчкиот премиер Киријакос Мицотакис кој истакна дека вирусот покажува знаци за стабилизација за што придонело воведувањето на вакцините.

Воведување на вакцините, самотестирањето и убавото време не прави сигурни дека оваа авантура без преседан конечно завршува, истакна Мицотакис во посебно телевизиско обраќање.

Истовремено и грчкиот министер за туризам Харис Теохарис го претстави планот за вакцинација на 28 илјади туристички работници.

Дел од планот предвидува и праќање порака дека целата земја е безбедна за туристите. И јас сум против идејата одредени делови да  се промовираат како „Covid Free“ зони бидејќи тоа не е здрава туристичка стратегија, истакна Теохарис при презентирање на планот  за ова лето.

Грција ќе ги отвори границите за нашите граѓани на 14 мај, кои ќе треба да приложат сертификат од вакцина или PCR тест не постар од 72 часа. Ова вчераа го изјави министерот за здравство Венко Филипче, одговрајќи на новинарско прашање по донацијата од Словачка на Клиниката за детски болести во Скопје.

-Вчера разговарав со грчкиот министер за туризам Теохарис, кој потврди дека грчката Влада се уште е на ставот, и за тоа во периодот кој следи и официјално ќе не извести дека границите ќе се отворат на 14 мај. И за влез во Грција ќе биде потребен или сертификат од вакцина, по овој терк кој ние го имаме, или кој го издава Србија, или алтернативно PCR тест не постар од 72 часа. И ова важи за сите земји, за некои земји ќе може, не знаат се уште дали и за нашата, ќе може да се влезе и со потврда за негативен брз антигенски тест и за тоа ќе не известат во следниот период, рече Филипче.