Охридските угостители се бранат - цените не се толку високи колку што се зборува на социјалните мрежи.
Откако изминатиот викенд од македонскиот туристички бисер пристина фотографија со шокирачка фискална сметка, јавноста со бројни коментари за Охрид.
- Кафе кај нас до 11:00 часот е 50 денари (во пакет со цеден сок од јаболко 130-150 ден), а после 11:00 еспресо е 80 ден, макијато 90/110 ден. Се наоѓаме во строг центар на самото корзо, тврди еден охридски угостител.
Посетителите на Охрид пак со поделени ставови. Некои велат дека не сме „скржави“ за кафе шема во Дубровник или некое од италијанските туристички места, додека за Охрид се жалиме. Од друга страна, бројни се оние кои сметаат дека Охрид се повеќе станува место на елитен туризам.
- Охрид и Струга треба да развиваат елитен туризам да се престане со узурпацијата на природата и со градење на секој чекор. Така да и треба да биде скапо, не за масовен туризам. За поплитките џебови треба да се средат Дојран и Преспа. Преспа е преубава. Во Дојран да се пушти пречистителната станица и да се среди езерото кај Николиќ, Ачикот и Мрдаја и воениот камп, гласи коментар на социјалните мрежи.
- Еден мал пример, во Будва, во Венеција или Грција и било каде низ светот во иста област имате кафичи или ресторанти каде кафето е 2-3 евра и имате други места каде едно кафе е 5-20 евра и Вие лично одлучувате каде ќе го пиете така да без многу многу лелекање, Охрид си е таман, коментира друг.
- Охрид не го споредувајте ни со Миконос, ни со Дубровник, Охрид е единствен скапоцен бисер во светот,само кој знае да го цени и ужива, гласи друг коментар.
- И во Скопје не е многу подобро кога се цените во кафичите во прашање, а решението е наједноставно на цел свет, нема да одиш и готово, има и други места кои се многу поубави во Охрид надвор од Македонија, па штом во Скопје пијачките во кафич се океј, ќе бидат и во други држави, Охрид не ни мора да се оди кога се во прашање цените. А дека 190 денари за чаша вода е многу, многу е, колку и да имаш длабок џеб џабе е, затоа што и они знаат дека живееме со 400-500 евра плата, немаме по 60 000 минималец, па 190 денари да биде океј. Златна Србија не е многу далеку од нас, па зошто да не го посетиме и нашиот северен сосед, оценува една скопјанка.
- Охриѓани трчајќи по странските туристи и наметнувајќи цени за нив ќе ги изгубат и домашните туристи, така ми изгледа. Нека не кукаат после Скопјаните се криви, вели еден скопјанец.