Кафе со путер од кикирики

Ова кафе е здраво и со одличен вкус. 

Потребни се само три состојки.

1 шолја топло кафе по ваш избор

1 лажица путер од кикирики или било каков друг путер од јаткасти плодови

малку мед (или друг природен засладувач по избор) за засладување

Ставете го путерот од кикирики со медот и стоплете го во микробранова печка околу 20 секунди. Доколку немате микробранова печка, ставете ги состојките на шпорет, но на ниска топлина.

Измешајте добро и потоа додадете го во блендер заедно со  свареното кафе. Блендирајте околу 30 секунди. 

Уживајте во вкусот.