Кафе кино: Француската комедија “Откачени трудници”

“Откачени трудници” во режија на Ноеми Салио е француската комедија која денеска, со почеток од 21 часот, ќе се прикаже на Факултетот за ликовни уметности Сули-ан, како дел од Кафе кино, а во рамки на Скопско лето.

Во филмот, во кој мајката и ќерката имаато комплетно спротивставени гледишта за животот, во исто време остануваат бремени… Што е подобро од добра вест? Две добри вести? Да се биде баба или мајка? Се прашањата кои треба да ги одговорат ликовите во “Откачени трудници“ во кој настапуваат Жилиет Бинош, Камил Котин, Ламберт Вилсон.

Инаку, проекцијата на филмот “Заштитник“, која требаше да се реализира на 15 јули, поради невреме и дожд е откажана и презакажана за 22 јули, со почеток во 21 часот, на Факултетот за ликовни уметности Сули-ан.