Кафанскиот живот поскапе за 5,9 отсто во споредба со лани

За разлика од лани во месеците јануари-мај, цените за угостителски услуги за истиот период се зголемиле за 5,9%, а во однос на декември 2023 година, се повисоки за 1,8%. Додека, пак, во однос на мај минатата година, цените угостителските услуги се зголемени за 5,0%, соопшти Државниот завод за статистика.

Што се однесува до разликата на месечно ниво, во мај годинава, во споредба со април, угостителските услуги се зголемиле за 0,3%. Односно, по групи: храната за 0,4%, Алкохолни пијалаци за 0,5% и Безалкохолни пијалаци за 0,6%.