Кадетската ракометна репрезентација на Македонија вечер го игра натпреварот против Португалија

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија вечера го игра натпреварот против Португалија во рамки на Светското првенство кое се одржува во Скопје.

– Ракометната Федерација на Македонија Ве поканува на ден 14.08.2019 со почеток во 20:45 часот во Спортскиот Центар Борис Трајковски да дадеме поддршка на нашите репрезентативци за 1/8 натпревар со репрезентацијата на Португалија, информираат од РФМ на Фејсбук.

Влезот е слободен, натпреварот со директен пренос ќе биде пренесуван на ТВ Телма.