Каде живееме ние, прашуваат скопјани - „Див Запад“ не ни е рамен

Каде живееме ние, прашуваат скопјани. Див запад не ни е рамен. Секој ден по некој напад, по некоја нова стресна ситуација. 

Медиумите во последно време преплавени со црни хроники, кои ги засегаат скопјани.

Напад на улица, педофили на секоја страна, кражби, напад и навреди за медицински лица... До кога вака, прашуваат граѓаните. 

Ќе престане ли Скопје да личи на Див запад, ќе живееме ли нормално, ќе се движиме ли слободно по улиците без да стравуваме дека некој ќе не нападне или ограби, прашуваат скопјани.