Каде започна приказната за кафето?

Даниел Клајн е ценет активист кој пропатува 12 земји за само 14 месеци со една цел, да направи уникатен документарец, а неговото последно одредиште беше Етиопија. 

За луѓето во Етиопија, кафето е повеќе од зрна и напиток. За нив, мирисот на прженото кафе е мирис на среќата, а благослвот го искажуваат со желбата „Нека Бог ти подари мирис на пржено кафе“.

Целата култура на пиење кафе, која силно влијаеше на светот, започнува со легендата за пастирот кој забележал како една од неговите кози јаде специфично еден вид на растенија. Баш таа коза, била поголема и посилна од другите, па и тој самиот решил да го проба растението. Вкусот му се допаднал, па од таму започнува приказната за кафето, или барем така веруваат во Етиопија. 

За нив, но несомнено и насекаде во светот, кафето е уживање, а нејзината арома мирис на животот и среќата. Напорното жнеење на кафето, станува едноставно со заедничка работа и песна. 
-„Кога ќе направиш нешто сам, не е ни приближно вредно, како кога би го стекнал со заедничка работа. Тоа е она вистинското!“, заклучија изворните љубители на кафето.