Kаде во светот нема ковид -19?

Ковид-19 се појави во 214 земји и територии во светот и зарази повеќе од три милиони луѓе, но 32 земји и територии сè уште немаат пријавено ниту еден случај.

Меѓу овие земји спаѓаат Лесото, Таџикистан и малите островски држави на Тихиот Океан, како Науру, Кирибати и Соломонските Острови.

До 20 април, од вкупно 247 земји и територии признаени од Обединети Нации, 214 пријавиле најмалку еден случај на новиот коронавирус.

Во дури 190 такви земји и територии забележана е локална трансмисија, односно дека вирусот се шири во заедницата, додека 166 земји и територии имаат регистрирано смртни случаи.

Коморските Острови денеска го пријавија првиот случај на новиот коронавирус, со што станаа 53 од 54 африкански земји во кои се појави оваа заразна болест.