Каде ви е судено да живеете, според хороскопот?

Можеби ќе се изненадите дека градовите и државите имаат свој хороскоп. Астролозите го споредуваат хороскопот на една личност, со хороскопот на некоја локација, обидувајќи се да ја утврдат поврзаноста.

Овен – Њујорк

Вашата кариера има потенцијал да биде многу успешна во Големото Јаболко. Таму ве очекува и многу здравје и покрај гужвата и брзиот начин на живеење. Ова е град кој едноставно одговара на вашиот карактер. Брзиот Њујорк кој никогаш не спие и е секогаш насочен кон акција е совршениот град за вас.

Бик – Сиднеј

Сиднеј има моќ да ви помогне во вашиот професионален напредок. Финансиите би ви се подобриле и би имале многу повеќе стабилност и профит. Освен тоа, тоа е град кој ќе ви помогне да поминете многу време надвор, како што сакате и ќе ви овозможи добростојба и виталност. Во овој град би можеле да ја сретнете вашата сродна душа.

Близнаци – Сан Франциско

Близнаците се најдобрите комуникатори во хороскопот. Затоа, воопшто не е чудо тоа што тие најдобро би функционирале во Силиконската долина, центарот на технологијата и бизнисот. Ако сте компјутерски мајстор или пак одлични за социјални медиуми и комуникации, ова е местото за вас.

Рак – Венеција

Не е коинциденција тоа што Ракот е воден знак, а Венеција ја нарекуваат Градот на водата. Венеција може да биде вашиот дом. Романтичен град, исполнет со многу љубов – тоа е вистинското место за вас. Ако не можете да се преселите таму, краток одмор ќе ви помогне да ја најдете поврзаноста со овој град.

Лав – Париз

Кралевите и кралиците на хороскопот ги очекува вистински кралски третман во Градот на светлината. Сонцето управува и со Лавовите и со овој град и тоа е одлична поврзаност. Секоја работа која би ја одбрале во овој огромен град ќе ви донесе успех, бидејќи вие сте родени за да бидете успешни. Од друга страна пак, романтичните врски се најдобри во овој град на љубовта.

Девица – Токио

Девиците се перфекционисти и сакаат да бидат најдобри што можат. Нивниот рафиниран стил е одличен за градови како Токио. Во овој град, можете да успеете во што и да посакате. Вашиот перфекционизам и амбиција нема да бидат никаде ценети како во огромното Токио. Од друга страна пак, јапонската култура совршено ќе одговара на вашиот карактер.

Вага – Лондон

Ако досега ви беше тешко да ја најдете својата цел во животот, ќе ја најдете во Лондон. Таму ќе бидете вистинска ѕвезда. Тоа е град на можности, а тоа е тоа што навистина ви е потребно. Освен тоа, тоа е супер град за социјализација и дружење.

Шкорпија – Амстердам

За Шкорпиите најважна е интимната поврзаност, а сексипилниот Амстердам е совршен за нив. Таму можат да најдат партнер со кој ќе можат да бидат еднакви и со кој ќе можат да имаат длабоки разговори, но и со кои ќе ги откријат животните мистерии. Ова е град кој ќе им донесе мир, а и ќе им дозволи да останат мистериозни какви што биле отсекогаш.

Стрелец – Хонолулу

Големиот наплив на енергија кој го имаат Стрелците одговара на Хонолулу, овој вулкански град. И Стрелците и Хонолулу се управувани од Марс кој им дава самодоверба и можност да се пронајдат себеси.Хонолулу нуди можност за наоѓање егзотична сродна душа од далечна земја за Стрелците.

Јарец – Монако

Дали знаевте дека во хороскопот, Јарците се знакот на милионерите? Тие се родени да живеат во град како Монако. Таму тие можат да работат напорно (како што и посакуваат) и да заработат многу пари (и тоа го посакуваат). Таму што и да направат, ќе постигнат огромно богатство.

Водолија – Стокхолм

Вашите лични вредности се слични како и овој шведски град. Вие сте интелигентни и со напредно размислување и многу малку градови би ви одговарале како Столхолм. Град со одлична храна, одлични можности и социјална правда. Ова е градот кој ќе ви го смени животот од корен.

Риби -  Сингапур

Иако динамичниот Сингапур е различен од вашиот сонувачки карактер, сепак тука ќе се чувствувате свои. Тој ќе ви донесе емоционална сигурност по која трагата целиот живот.Таму можете да ја најдете сродната душа, но и да постигнете баланс и да бидете најдобрата верзија од себе