Каде важат македонските возачки дозволи?

Со пет земји имаме билатерални договори за признавање на националните возачки дозволи, а со уште девет тоа е регулирано врз основа на Виенската конвенција за патен сообраќај.

Република Македонија има склучено договори за заемно, односно реципрочно признавање на националните возачки дозволи со Италија, Шпанија, Албанија, Србија и Црна Гора. Како што информираат од Министерството за вна­трешни работи, станува збор за билатерални договори потпишани со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните. Согласно со овие до­говори, на носителите на македонска возачка дозвола кои престојуваат на територијата на која било од овие пет држави не им е потреб­на меѓународна возачка дозвола, односно на оние кои имаат регулирано постојан престој на територијата на која било од горенаведе­ните држави, на нивно барање може да се из­врши замена на возачката дозвола.

Покрај овие, врз основа на национално­то законодавство и Виенската конвенција за патен сообраќај (1968 година) меѓусебно при­знавање на возачките дозволи има и со: БиХ (со одобрен постојан престој од шест месеци), Чешка, Бугарија, Хрватска, Словенија, Рома­нија, Унгарија, Белгија и Австрија (само Б кате­горија). Во тек се и договори за признавање на возачките дозволи и со Косово, Турција, Гер­манија, БиХ и Велика Британија, а врз основа на поднесена апликација за признавање на македонската национална возачка дозвола, во тек е постапка и со Австралија и Нов Зеланд. Соседна Република Грција не врши замена на странска возачка дозвола со грчка и на носи­телите на македонска дозвола им е потребна меѓународна возачка дозвола.

Од МВР информираат дека е доставе­но барање за произнесување за реципрочно признавање на возачките дозволи согласно со Виенската конвенција до уште 29 држави, со кои се водат постапки за меѓусебно регули­рање на оваа обврска.