Каде треба да одат пациентите бидејќи апаратот за рендген е расипан во Институтот за радиологија?

Веќе десетина дена рентегн апаратот на Институтот за радиологија не работи, пренесува Фактор. Па доколку си ја скршите раката или ногата, како ќе бидете лекувани?

За порталот Фактор, некои извори од Институтот информираа дека, во моментов, апаратот за ренген се сервисира, па затоа од таму пациентите се препраќаат или во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ (поранешна градска болница) или во ГОБ „8 Септември“.

Ова не е прв пат Институтот да се најде во центарот на вниманието, со оглед на тоа што истиот, Институтот за радиологија, беше во фокусот на вниманието дури и на крајот на јуни, откако огромен број пациенти и граѓани се пожалија дека и по неколку месеци нема кој да им ги прочита резултатите од направените компјутерска томографија или магнетна резонанца.