Каде што живее елитата: Ова место некогаш било село во Скопската каза

На крајто на XIX век Водно било македонско село во Скопската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика ) во 1900 г. Горно Водно имало 120, а Долно Водно 140 Македонци христијани.

На почетокот на XX век целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Горно Водно живееле 160 Македонци, а во Долно Водно 160 Македонци и 6 Роми.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена Горно и Долно Водно се покажани како македонски хирстијански села.

На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев ги завел Горно и Долно Водно како македонски села.

Населбата Водно, настаната е во времето на урбанизацијата на Скопје со спојување на двете села Горно и Долно Водно. Денес таа е високо урбанизирана и елитна населба, која е густо населена со многубројните згради во погорниот дел на наслебата. Таа се граничи со населбите Црниче и Пржино од Општина Кисела Вода. Во населбата живеат повеќе од 500 домаќинства.

Легендите за настанокот на скопските населби:

Бардовци

Тафталиџе

Ѓорче Петров

Буњаковец 

Радишани

Капиштец