Каде се` работеа екипите на ЈП „Улици и патишта" во текот на изминатава недела?

Екипите на ЈП „Улици и патишта", во текот на изминатава недела работеа на проширување на патот кој води до гробиштата во Нерези. Ја завршија реконструкцијата на улица 7 и улица 8 во општина Сарај во населеното место Кондово, а екипите продолжуваат со работа на нова улица во Кондово.
Во текот на денешниот ден започна и реконструкција, односно подготовка за асфалтирање на булеварот Никола Карев во насока од пешачкиот надвозник Гази Баба до кружниот тек на хотел „Континентал“.
Се работи и на поставување на заштитна ограда на тротоарите на улица Џон Кенеди кај Средното училиште „Цветан Димов“, како и санација на пешачко острово на крстосница улица Скупи кон населба Бардовци.

Екипите кои ја одржуваат светлосната сигнализација, активно работат на семафоризација на булеварот Босна и Херцеговина, а паралелно се обележува и хоризонталната сигнализација на оној дел каде што е извршена реконструкцијата на булеварот.
Обележувањето на хоризонталната сигнализација во деновиве што изминаа се одвиваше на бул.Кузман Јосифовски Питу, бул.Илинден,ул.Благоја Стефковски, ул.Борис Сарафов и ул.Никола Карев и обележувањето продолжува на истите овие сообраќајници.
Екипите кои што го одржуваат коритото на реката Вардар продолжија со чистење на кејот на река Вардар, деновиве исчистена е десната страна од мост „Близнак“ кон ПИОМ, а на кејот на река Вардар други екипи работат на изведба на одбојкарско игралиште исто така во близина на мост Близнак.
Во градски парк во близина на Сточарскиот институт поставени се заштитни столбчиња со цел спречување на непрописно паркирање.