Каде ќе нема струја и вода во текот на утрешниот ден?

Регионалниот центар за управување со кризи, Скопје, по добиените информации од ЕВН Македонија, известува за планирани пркеини на електричната енергија, во текот на утрешниот ден (28.09.2022), на следните локации:

-Во периодот од 08.30 до 14.30 часот, струја ќе немаат корисниците од средно Водно, врв Водно, Горно Нерези и Крушопек (КЕЦ Скопје Ѓорче Петров)

- Во периодот од 09.00 до 14.30 часот, корисниците на Припор: ул. Христо Татарчев 23 (КЕЦ Скопје Аеродром).

- Во периодот од 8 до 12 часот, корисниците на Скопје - Центар: Дел од ул.Загребска.

- Во периодот од 9 до 12 часот, корисниците на Горно Соње, дел од  место викано Под Брег (КЕЦ Скопје Аеродром).

Од ЈП Водовод и канализација, пак, известуваат за прекини во водоснабдувањето исто така во текот на утрешниот ден (28.09.22, среда), по следниот редослед:

-Поради одстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-175 мм, на ул. Крсте Мисирков бр. 9, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Чаирска, дел од ул. Отокар Кершовани и дел од комплексот „ УКИМ“, односно Економскиот Факултет и Ректоратот. (Општина Чаир).

-Поради уличен дефект на Георги Димитров 66, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица и ул.14-ти Декември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

-Поради уличен дефект ф-6/4  на Преспанска 16, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Маџир Маало. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектот.