Каде ќе ги најдете среќните луѓе?

Каде ќе ги најдете среќните луѓе?
Помеѓу оптимистите.
Тие можат да бидат среќни, затоа што знаат да ги препознаат добрите страни на животот.
Досега не сум сретнал среќен песимист.
Песимистите седат во магла.
Сè е сиво, тие не гледаат ништо од маглата.
Оптимистите ги отвораат своите прозорци за светлина, за сонце.
Знаат дека луѓето многу трпат, преживуваат неволји и мрак.
Но, тие и во најмрачните ноќи ги откриваат ѕвездите.
Оптимистите веруваат во добрина.
Тие веруваат во смислата на животот.
Ти се доказ дека човекот е повеќе од бројка во големо множество, повеќе од копче во еден голем апарат.
Тие веруваат во пријателството меѓу луѓето.
Шират и влеваат доверба, создаваат клима на радост.

~ Фил Босманс