Каде јадат шампионите на РК Вардар?

Долгогодишните пријатели Бистро бар Барбакан и Ракометниот клуб Вардар отвораат ново заедничко поглавје во клупската историја на препознатливиот гурмански бренд и македонскиот ракометен гигант. Барбакан не е само едно од најпознатите скопски места каде сладокусците уживаат во вкусната храна, туку овој бистро бар во изминатите години е место каде Вардарците можат да се опуштат и во пријатната атмосфера.

„Нашето пријателство со актуелниот шампион Вардар е долгогодишно. Со ракометарите имаме прославено многу победи против познати европски клубови, како и бројни титули, а со нашите гости заеднички навиваме и даваме поддршка на секој натпревар. Затоа, сезонава се одлучивме да ја продлабочиме нашата соработка. Барбакан ќе биде присутен на сите натпревари во ЕХФ и СЕХА лигата. Во суштина, Вардарци секогаш се добредојдени во Барбакан затоа што нашата храна е храна за шампиони.“, вели Дарко Савовски од Барбакан.

Во новата сезона, Барбакан ќе го поддржи својот пријател за, по трет пат, да го освои тронот на Европа. На позадината на дресот на Вардар, може да се забележи и препознатливото лого на Барбакан, како им дава ветар во грбот на своите омилени ракометари.

Интересно е да споделиме дека Вардар пред 6-7 години го препозна Барбакан како пријател на ракометот. Првата прес-конференција на која Вардар ги најави сериозните засилувања на екипите во машка и женска конкуренција беше одржана токму во Барбакан.

А што денес велат Вардарци за Барбакан?

Вардарци го препорачуваат Барбакан како место каде сакаат да ручаат со семејството, но и да се напијат кафе со пријателите. За нив Барбакан е бистро каде има добра музика, каде се организираат топ „афтерворк“ забави и каде бургерот е вистинска храна за шампиони.

„Како спортист многу внимавам оброкот добро да е избалансиран и да содржи квалитетни состојки и токму ова го наоѓам во Барбакан. Честопати доаѓам во Барбакан со семејството, пријателите, како и со ракометарите на Вардар затоа што атмосферата е одлична, храната е шампионска а услугата е првокласна. Според мене, сите кои сакаат во добро друштво да ги следат натпреварите на Вардар, тоа можат да го сторат не само на трибините, туку и во Барбакан“, вели шампионот Тимур Дибиров од Вардар.

Вардар со победите во првите натпревари од ЕХФ и СЕХА лигата се наметна како тим кој и сезонава повторно цели кон врвот. Црвено – црното семејство по втората титула освоена во јуни годинава, прераснува во црвено – црн свет на вардарови поддржувачи, меѓу кои сега се вбројува и Барбакан.