Каде исчезна Бети од Тетово со 140.000 евра?

Се’ уште не е позната судбината на тетовката Бети Грнчаровска која пред 19 години мистериозно исчезна.

Вистината околу тоа што се случи со 38-годишната жена, која со пет торби заминала од дома, а една од торбите била полна со пари, со околу 140.000 евра, бидејќи претходно го продала дуќанот во Тетово и решила да започне нов живот во Сплит, се’ уште не се дозна, јавува порталот „Викимедиа“.

Пред да замине ноќта, таа на мајка и Ратка Колева и кажала дека пријател од Тетово ќе ја чека во Скопје и заминала со такси. Не сакала до таму да ја испратат мајка и и брат и, и им кажала дека не сака поздравувања. Потоа се јавила дома и кажала дека пристигнала во Скопје. Таксистот ја оставил пред трговскиот центар Беверли Хилс. Таа ноќ Бети последен пат се слушнала со мајка ѝ. Пријателот пак, со кого требало да се сретне во Скопје, и заедно да заминат во Хрватска, тврдел дека немале таков договор и ништо не знаел за нејзиното исчезнување.

Пред камери, уште пред петнаесеттина години, мајката раскажуваше дека Бети била решена да успее во Хрватска, му кажувала на брат ѝ дека и него ќе го земе таму. Имала планови за иднината, и мајката кажуваше дека е сигурна како Бети е киднапирана.

Во тоа време, од страна на надлежните институции, одговорот за случајот беше дека истрагата е во тек. Но, до денес исчезнувањето на младата жена остана мистерија.