Каде била измерена најниската, а каде највисоката температура утрово во Македонија?

Управата за хидрометеоролошки работи ја измереи најниската температура утрово во Берово каде живата на термометарот покажа -6 степени, додека најтопло било во Охрид со измерени 4 степени.

Следат Битола со -3, -2 во Струмица, -1 Демир Капија, Тетово, Скопје-Петровец, Лазарополе и во Крива Паланка, 0 во Маврови Анови, Штип, Прилеп и Велес, 1 степен во Кавадарци, Попова Шапка и Скопје-Зајчев Рид, 2 Претор, Гевгелија, 3 Виница, Крушево и 4 степени Целзиусови во Охрид, соопшти УХМР.

Времето утрово студено со услови за појава на магла по котлините. Во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје утрово со услови за појава на слаба магла. Преку денот сончево со слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.