„Качанички Пат“ денеска без вода

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 150мм.на ул.Качанички Пат бр.174, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на улицата Качанички Пат Индустриска зона.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на дефектот.