Кацарска откри дека со години трпи закани

Закани трпам неколку години. Немало недела да помине, а да нема некоја закана. Бев и физички нападната, сметав дека се работи за изолирани случаи“, рече Кацарска притоа додавајќи дека претходните закани не ги пријавувала за да не ги вознемирува јавноста и полицијата, но кога почнале да се повторуваат секој втор или трет ден, одлучила дека треба да го направи тоа.

Како што рече, до денес нема информација од МВР во врска со пријавата пред две недели кога судијката нашла импровизиран кревет и забоден кујнски нож пред гаражата.

Подоцна таа пријави уште една закана што се случила во близина на ТЦ „Рамстор“ за која рече дека од она што го знае заканувачот бил приведен, а за што информира и МВР.