Кабинетот за логопедија доби опрема од Германската амбасада

Се работи за работна маса со огледало, логофон (вибрафон со логопедски сонди), како и разни дидактички материјали за опремување на логопедскиот кабинет за логопедски третмани на деца и млади со интелектуална попреченост во вкупна вредност од 339.639 денари, средства што се собрани од божикниот базар организиран во дворот на Германската амбасада

Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Чаир доби донација од Амбасадата на Сојузна Република Германија. Опремата која е наменета за логопедскиот кабинет на установата денеска беше официјално предадена од страна на германскиот амбасадор, Томас Герберих.

Се работи за работна маса со огледало, логофон (вибрафон со логопедски сонди), како и разни дидактички материјали за опремување на логопедскиот кабинет за логопедски третмани на деца и млади со интелектуална попреченост во вкупна вредност од 339.639 денари, средства што се собрани од божикниот базар организиран во дворот на Германската амбасада.

– На крајот на годината го организираме божиќниот базар на кој се продаваат различни производи и од тие средства им помагаме на луѓе кои што имаат потреба од тоа. Оваа година средствата собрани од божикниот базар решивме да ги подариме на Кабинетот за логопедија во Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Чаир, иако знаеме дека се работи за мала поддршка – изјави амбасадорот Герберих.