Јурумлери доби ново детско катче

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски го пушти во употреба новото детско катче во населеното место Јурумлери.

-Утрово го пуштивме во употреба новото детско катче во Јурумлери кое е изградено во рамки на клонот Морковче од детската градинка „25 Мај“. Нема поубаво чувство од искрената детска насмевка, проследена со неизмерна среќа и топла прегратка.

Среќен сум што со изградбата на ова детско катче е создаден простор на кој дечињата ќе можат да го поминуваат поголемиот дел од времето во летниот период. Продолжува обновата на нашата Гази Баба. Се реализираат проекти за сите генерации. - напиша Стефковски