„Јурија“ во Ѓорче Петров доби нови лед-светилки

Општина Ѓорче Петров постави 27 нови светилки во Јурија. Како што информираат од локалната самоуправа тие се 100-ватни.

Досега поставени се светла и во Хром, односно, како што велат од Општината, урбаниот дел е готов.

Според надлежните, поставувањето на светилки ќе продолжи во Даме Груев, а ќе се заврши со Кучково.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски и Ибрахим Суха Џем, директор на турската компанија АД „Џемдаг осветлување-производство и трговија“, во октомври, минатата година потпишаа договор за јавно-приватно партнерство за модернизација на системот за јавно осветлување на територија на општината со лед-светилки.

Фирмата „Џемдаг“ комплетно ќе ги промени старите 2.887 светилки со нови, енергетски ефикасни ЛЕД-светилки.

Менувањето стартуваше во декември, од Дексион, потоа кон урбаните заедници Мирче Ацев, Ѓорче Петров, Хром, потоа се преминува преку мостот кон населбата Даме Груев, и кон Ново Село, Стопански Двор, Кисела Јабука, Волково, со што на почетокот на следната година, осветлувањето ќе се финализира во Орман, Никиштани и Кучково.

Турската компанија „Џемдаг“ во наредните 12 години ќе обезбеди и дополнителни 983 светилки и ќе ги постави на нови линии каде претходно немало осветлување, а локациите ќе се одредат во консултација со граѓаните. Паметното осветлување ќе биде поекономично и ќе има можност за програмирање, односно светилките ќе се прилагодуваат кон условите, и во различен период од ноќта ќе имаат различен интензитет на светлина.

По промената на светилките ќе се пристапи кон следната фаза, со која ќе се извади опремата од главните трафостаници во посебни орманчиња со што ќе се постигне независност од ЕВН Македонија. Секоја светилка ќе има своја шифра, а преку воспоставениот кол-центар граѓаните ќе можат во секое време да пријават проблем, при што фирмата „Џемдаг“ за 48 часа ќе го отстрани дефектот.

jordan Sneakers | nike air aggress force women basketball camp 2018 270 Unisex Siyah Spor Ayakkabı Kadin Spor Ayakkabı & Sneaker 3167193 , Sciaky